Верифицирано

И.О. Башкими од Кичево избркан од извидничкото училиште на Македонија

10:02 Oct 10 2013 Катланово

Опис
Извидничкиот одред „Башкими“ од Кичево продолжува да го изразува своето незадоволство до раководството на Сојузот на извидниците на Македонија поради тоа што не им беше дозволено да присуствуваат на училиштето за инструктори-извидници на прво ниво,кое трае четири дена и се одржува во Брезицана Катланово.

Настанот се случил во четвртокот, кога членови на двете групи на извидници од Кичево, „Башкими“ и „Мирко Милески“ заедно пристигале на локацијата, но внатре биле пуштени само членовите на „Мирко Милески“, а на „Башкими“ им била затворена вратата од членот на канцеларијата на Сојузот на извидниците на Македонија Филип Уноски, со зборовите: „Ти немаш право да присуствуваш овде“.

Членовите на „Мирко Милески“, на чело со Чедомир Арсовски, кој, исто така, е и раководител на училиштето за извидници, решија да го бојкотираат училиштето во знак на поддршка на нивните колеги.

Според претседателот на Извидничкиот одред „Башкими“, ова е национализам и шовинизам јасно изразен од страна на Сојузот, имајќи предвид дека ова не е прв случај кога тие се дискриминираат на национална основа.

И.Г. „Башкими“ пред неколку месеци се соочи речиси со иста ситуација, кога проектот „Агора“ во Кичево беше реализиран само на македонски јазик и одредот реши до го бојкотира настанот.

Во меѓувреме, Филип Уноски, кој на последниот настан им ја затвора вратата на членовите на Башкими, испрати писмо на нивна адреса во кое бараше извинување за, според него, некоректното однесување.

„Она кое го сторив вчера е крајно недолично однесување, особено е недолично однесување за еден извидник. Ве замолувам сите да ми простите за мојата постапка. Јас ветувам дека никогаш повторно нема да направам таква глупост. Морам на кратко да ги објаснам мотивите замојот акт. Крајно бев револтиран од односот на членовите на ИО ‘Башкими’, кои тајно ме сликаа за време на ‘Агората’ во Кичево и ме објавија на повеќе сајтови. Иако не се гледаше моето лице, многу лесно ќе се заклучи дека станува збор за мене доколку некој ги погледне сликите на сајтот на Агораили на Фејсбук.

Ваквата акција мене ме става во носечка положба за незадоволството јавено во ИО Башкими, иако јас три дена по ред ги молев да се појават на настанот“ – вели Уноски во неговото писмо.

„Ние одевме заедно, и заедно се вративме со Башкими. Тоа беше еден несреќен случај и се поради еден пијан човек. Јас сум сѐ уште во шок, бидејќи тоа однесување не му личи на еден извидник. За жал, училиштето продолжува и без нас, и без мене како нејзин управник. Ние ќе се потрудиме да најдеме заедничко решение”, изјави раководителот на училиштето за извидници и член на „Мирко Милески”, Чедомир Арсовски.

Училиштето е дел од проектот „АСОЦИO“ – Проект за поддршка на извидниците на Југоисточна Европа,поддржан од Сојузот на извидниците на Данска.

И.Г. „Башкими“ се решени случајот да го однесат докрај, известувајќи ги и меѓународните органи на извидниците во Европа.

Фатљуме Дервиши
Линк од вести
http://a1on.mk/wordpress/archives/219916
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN -3

Повеќе пријави

Ограбени двајца Мароканци кај Катланово

19:40 Nov 22, 2015

с. Катланово, 0 Kms

Каменуван возот Скопје – Битола

13:33 Apr 12, 2014

с. Морани, Скопје, 6.26 Kms

Нападнати пакистански мигранти кај с. Бунарџик

00:11 Feb 16, 2017

с. Бунарџик, Скопје, 6.93 Kms

Oграбени и нападнати мигранти, еден ранет

01:00 Apr 16, 2015

с. Студеничани, 7.61 Kms

Искршени прозорци на штабот на СДСМ во Драчево

01:13 Feb 24, 2017

с. Драчево, Скопје, 8.81 Kms