Неверифицирани

Тепачка во 33-ка, повреден е еден средношколец

13:12 Nov 14 2013 н. Аеродром, Скопје

Опис
Вчера на автобуската постојка на улицата „Трета Македонска бригада“ во автобус на ЈСП број 33 околу 15 ученици без повод и причина физички го нападнале М.С.(17) удирајќи го со тупаници по телото.

М.С. е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски”. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.

Тепачка вчера имало и на автобуската постојка на булевар „Борис Трајковски“ кога без повод и причина непознато лице физички ги нападнало Б.М.(16) и Ф.К.(16), нанесувајќи им видливи повреди. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

19 НОЕМВРИ 2013

Инцидентот што минатата неделе се случи во автобусот број 33 е расветлен. Осомничени се 8 малолетници за насилството врз 17 годишен ученик од Скопје, кој минатата недела од поголема група ученици беше нападнат во автобусот број 33. Осум лица од селата Батинци, Грчец и Студеничани се сомничат дека на 14 ноември нападнале 17-годишен ученик во автобусот со број 33.
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0