Верифицирано

Момче нападнато во Гостивар

13:08 Mar 10 2013 Болница, Гостивар

Опис
Момче од Гостивар било нападнато на кејот од Вардар кај гостиварската болница, откако бил прекинат ракометниот натпревар меѓу две гостиварски екипи „Вардар Полог“, и „Јехона“, соопштува СВР Тетово.
Само што почнал спортскиот натпревар околу 15.30 часот бил прекинат кога навивачките екипи „гемиџии", навивачи на македонскиот тим „Вардар Полог" и „кастриоти", поддржувачи на албанскиот тим „Јехона" почнале да викаат, да се навредуваат и фрлаат пиротехнички средства.

Салата веднаш била испразнета, а по натпреварот во полициската станица во Гостивар, осумнаесетгодишното момче со татка си пријавило дека било нападнато.

Момчето од населбата Дудлог, од каде доаѓаат „гемиџиите", во полиција тврдело дека го пресретнале седум, осум лица, но тој почнал да бега. Тројца го стиггнале и
го нападнале.

Според неговите тврдења, се претпоставува дека напаѓачите биле членови на навивачката екипа „кастриоти".
Гостиварецот немал сериозни повреди, единствено имал гребнатинки на рацете. Побарал лекарска помош во гостиварската болница и веднаш бил пуштен дома. Полицијата работи на расветлување на случајот.
Линк од вести
http://makfax.com.mk/305251
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0