Верифицирано

Голема физичка пресметка помеѓу Македонци и Албанци во Радишани

11:30 Apr 13 2014 н. Радишани, Скопје

Опис
Massive fight between Macedonians and Albanians in Radishani in Skopje - for English see below / Përleshje masive ndërmjet komunitetit maqedonas dhe shqiptarë në Radishani në Shkup - Për shqip, shih më poshtë


Пред еден час во Радишани се случила голема пресметка помеѓу Албанци и Македонци.

Во пресметката има неколку тешко повредени лица кои веднаш се пренесени во Воената болница во Скопје.

Како што пишува Алмакос на местото на кое се случила физичката пресметка има голем број на Алфи и припадници на МВР кои пробуваат да го одржат мирот.

Неофицијално до пресметката дошло одкако настанала сообраќајна несреќа.

14 АПРИЛ 2014

За време на физичката пресметка, во еден момент едно лице, А.Д. (26) со возило БМВ директно удрило во групата и избегал. На повреди се пожалиле 4 лица од другата група, жена на возраст од 74 години, Џ.З. (20), Ф.З. (43) и Б.З. (23). Сите веднаш биле пренесени во болницата „8 Септември“. Полицијата се уште работи на утврдување на сите детали околу инцидентот и на мотовоте за тепачката.

15 АПРИЛ 2014

Две вистини за колективната тепачка во Радишани-политичка и несреќна

Инцидентот што се случи во неделата во скопската населба Радишани, а во кој една постара скопјанка и неколкумина нејзини најблиски роднини беа повредени, деновиве добива сосема поинаква вистина, од верзијата што ја соопшти полицијата 12 часа од настанот-пишува Плусинфо

Полицијата извести дека по сообраќајката која се случила на улица во Радишани, настанала караница и дека нема допирна точка со изборниот процес. Но, жртвите на инцидентот велат дека станува збор за политички монтиран настан, во кој тие биле навредувани дека се Албанци, пцуени зошто не гласале, па биле нападнати. Дури насилниците, велат повредените, употребиле сила и против 74-годишна жена која сакала само да ги заштити децата.

- Гадно се излажале ако мислат дека немаме докази. Целиот двор и сè пред влезната врата од куќата се снима од безбедносни камери. Сите докази ќе ги објавиме, па да видиме дали сè започнало од сообраќајка – вели Изабер Зекири.
Во официјалната верзија, која ден по инцидентот ја соопшти полицијата, се вели дека МВР го идентификувало човекот кој со автомобил „БМВ“ влетал во куќа во населбата Радишани и повредил стара жена. Четири члена од истото семејство, според МВР, биле повредени во инцидентот кој се случи околу 22 часот во скопската населба Радишани. Станува збор за 74-годишната Ш.З., Џ.З., Б.З. и Ф.З. кои се пренесени и задржани на лекување во градската болница „8 Септември“. Полицијата извести дека пред тепачката имало и расправија. Младиот А.Д. влегол во „БМВ“-то, по што се упатил кон толпата луѓе, удрил во нив и избегал, рече полицијата.
Откако случајот бил пријавен во полицијата, А.Д. е пронајден, извршен е увид на местото на инцидентот, но се трага и по другите учесници во тепачката. Дополнително, треба да биде утврдено и дали членовите од семејството повредите ги добиле за време на тепачката или по ударот од автомобилот. Членови на семејството Зекири, пак, тврдат дека претходно група од 30 насилници им упаднала во домот и физички ги нападнале со шипки и дрва бидејќи не излегле на гласање. Изабер Зекири тврди дека му го искршиле и автомобилот, а групата фрлала и предмети кон неговата куќа.

- Возачот излезе од автомобилот „БМВ“ и пукаше со пиштол во воздух. Некој му кажа дека има камери на куќата и избега. Среќа што дојде полицијата инаку ќе имав жртва во семејството – вели Зекири.

Од полицијата го потврдуваат инцидентот, но со сосема друга верзија на настаните. Од таму тврдат дека тепачката настанала поради претходна сообраќајка и дека нема врска со изборите.

- Се работи за обична сообраќајна несреќа. Расправијата помеѓу групите не е поврзана со изборите – велат од МВР.

Според жртвите во инцидентот сè започнало кога поголема група млади Македонци во кафуле во Радишани вечерта во неделата славеле победа на изборите.
- Кога се насобраа пред куќата почнаа да викаат „Шиптари, зошто не излеговте на гласање“. Неколкумина од нас отворивме врата за да видиме што се случува, но тие почнаа да пцујат по нас. Ние се исплашивме и се повлековме во дворот, но токму тогаш почнаа да фрлаат со шишиња кон куќата и да пцујат. Влегоа во дворот и почнаа да тепаат. Излегоа и жените и настана хаос – тврди Зекири.

Според него, еден од напаѓачите одеднаш со неговиот автомобил тргнал да ги гази и најмногу настрадала постара жена, сопруга на сопственикот на куќата.

15 АПРИЛ 2014

Проговореа момчињата од Радишани: Албанците не нападнаа а сега глумат жртви во медиумитe

Албанците не нападнаа а сега глумат жртви во медиумите. Дел од момчињата кои учествуваа во инцидентот кој во неделата вечерта се случи во скопско Радишани во зијава за Press24 велат дека биле нападнати од група Албанци, демантирајќи ги информациите објавени од одредени медиуми дека започнале тепачка славејќи победа по гласањето.
„Момчето кое можете да го видитед ворот група Албанци на снимките облечено во бела тренерка поминуваше со мотор покрај куќата. Тогаш од дворот група Албанци почнале да му дофрлуваат и да го навредуваат. Ние тука живееме и се познаваме. Застанал и го паркирал моторот со намера да разговара со едно од момчињата од албанска националност. Се ќе се смирело да не излезеа нколкумина вооружени со метални шипки и дрва и без причина да почнат да го удриаат. Тој почна да бега и тогаш настана мешаница. Неговите другари Македонци седеа во трговскиот центар кој е во близина. Забележале дека има тепачка и дека е нападнат нивниот другар па дојдоа на местото на инцидентот. Потоа настана голема галама. Не знам што се случувало. Ги познавам и двете групи. Инциденти немало. Групата од македонска националност беше сочинета од млади деца, голем дел и малолетници, додека меѓу Алабанците имаше и возарсни луѓе“ - тврди очевидец за Press24

Вели дека е револтиран од известувањето на одредени медиуми кои детелно ги распрашле Албанците но од ниту еден Македонец не земале изјава
„Никој не се јавил и не прашал која е другата страна на приказната. Видеото кое што може да се види денеска на интернет е монтирано. Не знам кој го монтирал но можам да ви кажам дека фалат доста сегменти од него. Тоа е срамота“ - вели очевидецот за Press24.

Изјавата на очевидецот ја потврдува и видеото на кое може јасно да се види дека момчињата од албанска националност ја почнуваат тепачката.

На снимката може да се забележи и едно момче како со возило влетува во толпата. Сепак, чудно е зошто снимката е монтирана токму пред возилото да влета во толпата

Медиумите финансирани од СОРОС и под директна контрола на опозицијата веќе втор ден пишуваат како група Македонци малтретирала семејство од Албанска националност и дека полицијата го прикрива инцеидентот. Тие дури и го објавија видеото кое им го доставило семејството пред чија куќа се случил инцидентот. Пишуваат дека инцидентот кој што се случил вечерта по изборите полицијата го криела бидејќи го нарушил изборниот процес.

Од МВР официјално велат дека немало нарушување на изборниот процес и дека случајот е целосно документиран.

“Во врска со пишувањето на одредени портали околу случајот во Радишани и негово поврзување со изборниот процес, МВР сака да потсети дека нема регистрирано, ниту пријавено какви било нерегуларности на избирачките места на посочената локација кои би влијаеле на гласањето.

Инволвираните во случајот се идентификувани, а пронајдено е и лицето кое го управувало возилото и во консултација со надлежниот Јавниот обвинител, против него ќе биде процесуирана пријава за сторено кривично дело „Предизвикување на општа опасност“. Кај сите останати за кои надлежниот јавен обвинител ќе утврди натамошна одговорност ќе следуваат соодветни поднесоци.

Како што веќе информиравме, на 13.04.2014 година, околу 22,30 часот, на ул. „Радишанска“ во Скопје пред куќата на Ш.З.(74) настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу Б.З.(20) и Б.З.(23) од една страна и од друга страна Н.Б.(23) и Б.Д.(34), во која си размениле некоку удари по телото нанесувајќи си видливи повреди, додека на Б.З. му е нанесена скршеница вопределот на раката. По ова, од куќата излегла Ш.З. да види што се случува, по што А.Д.(1988) со патничко возило влегол во толпата, удирајќи ја при што и нанел телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МВР во целост му стои на располагање на Јавниот обвинител за сите дејствија за кои натаму ќе смета дека е неопходно да бидат преземени во врска со случајот.



What happened: A group of Macedonian males, after the voting for the first round of the Presidential election ended, started insulting, cursing and subsequently attacked and beat an Albanian family living in Radishani. One of the perpetrators drove a vehicle in to a group of the victims.

Date, time and location of the incident: April 13th, 21:20-22:00 hrs, Radishani, Skopje.

Source of information: The electronic media almakos.com (Albanian), national media SITEL TV (Macedonian), others.

Victim(s) involved: Unknown number of members of the targeted Albanian family, among which there ware minors and a 74 y/o woman. Four of them asked for medical care.

Type of the crime(s):Endangerment of safety Art.144, Severe bodily harm Art.131 CCRM

Perpetrator(s): Unknown group of Macedonian young males. According to one of the media, four of the perpetrators also asked for medical help.

Brief description of incident with bias indicators: The bias motive in this incident is political affiliation and political persuasion, as well as the ethnicorigin, citizenship or language, and the bias indicators in this incident are:
1. Victim perception – Considering the statements made for the media, it is clear that the victims perceive the incident as bias motivated.
2. Comments made at the scene – The perpetrators started the dispute with remarks about Albanians not votingin the election.
3. Difference between victim and perpetrator on ethnic belonging.
4. Nature of violence – The incident was carried out in public.
5. Lack of other motives.

Status of the case: Criminal charges pressed.

Response of local authorities: The police stated via the media that they will undertake the appropriate measures, but to the moment of writing of this report, the Police has stated that it has filed criminal charges against only one of the perpetrators (the driver of the vehicle) for the act of Endangerment of safety (Art.144 CCRM).

Impact on the victim(s) and the community: This type of incidents brings into question the general security situation in the country and the cohabitation between the Albanian and Macedonian ethnic communities within the society.



Çka ka ndodhur: Një grup meshkujsh nga popullata maqedonase, pas votimit për raundin e parë të zgjedhjeve presidenciale, pasi u mbyllën zgjedhjet, filluan fyerjet, sharjet dhe më pas sulmuan dhe rrahën një familje shqiptare që jetonte në Radishani. Një nga kryesit ngau dhe automjet drejt në grupin e viktimave.

Data, koha dhe lokacioni i incidentit: 13 prill, ora 21:20-22:00, Radishani, Shkup.

Burimi i informacionit: Media elektronike almakos.com (shqiptare), media nacionale SITEL TV (maqedonase), e të tjerë.

Viktima(t) e përfshirë: Numër i/e panjohur i pjesëtarëve të familjes shqiptare në shënjestër, prej të cilit kishte dhe të mitur dhe një grua 74 vjeçare. Katër prej tyre kërkuan ndihmë mjekësore.

Lloji i krimit(ve): Rrezikimi i sigurisë, neni. 144, lëndim i rëndë trupor, neni. 131 KPRM

Kryerësi(t): Grup i panjohur i meshkujve nga popullata maqedonase. Sipas një nga mediat, katër nga kryerësit gjithashtu kanë kërkuar ndihmë mjekësore.

Përshkrimi i shkurtër i incidentit me treguesit e anshmërisë: Motivi i anshmërisë në këtë incident është përkatësia etnike, kombëtare ose gjuhësore, dhe si tregues të këtij incidenti janë:
1. Perceptimi i viktimës – Duke marrë parasysh deklaratat e dhëna për media, është e qnenië se viktimat e kanë perceptuar këte incident me motiv paragjykues.
2. Komentet e bëra në skenë – Kryerësit filluan grindjen me vërejtjet se shqiptarët nuk votojnë në zgjedhjet.
3. Dallimi mes viktimave dhe kryerësve bazohet në përkatësinë etnike.
4. Natyra e dhunës – Incidenti ka ndodhur publikisht.
5. Mungesa e motiveve tjera.

Statusi i rastit: Ngritje e kallëzimeve penale.

Reagimi i autoriteteve lokale: Policia deklaroi nëpërmjet mediave që ata do të ndërmarrin masat e duhura, por në momentin e shkrimit të këtij raporti policia ka deklaruar se ka ngritur kallëzim (akuzë) penal vetëm kundër një kryerësit (shoferi i automjetit) për aktin e bërë rrezikimi të sigurisë (neni. 144 KPRM).

Ndikimi në viktimë(-at) dhe komunitet: Ky lloj i incidenteve të sjell në pikëpyetje gjendjen e përgjithshme politike në vend dhe bashkëjetesën mes komuniteteve të ndryshme në shoqëri.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Физички нападнат Тодор Петров

12:17 Feb 27, 2016

Бутел, Скопје, 1.4 Kms

Искршен штаб на СДСМ во Бутел

01:00 Sep 27, 2017

н. Бутел, Скопје, 1.41 Kms

Шеќеринска нападната од Амди Бајрам

17:00 Apr 13, 2014

Шуто Оризари, 2.05 Kms