Неверифицирани

Нападнат пратеникот Мухамед Зекири

00:24 Feb 18 2017 н. Центар, Скопје

Опис
на 19.02.2017 година во 15.35 часот во ПС Центар дошол М.З. (41) од Скопје и пријавил дека на 18.02.2017 година околу 23.45 часот во Скопје на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ во угостителски објект, од страна на лицето Н.М. и уште десетина лица било извршено насилство над него и неговите пријатели Т.А., Р.Ч., В.К. и Џ.И.

Според пријавителот, истите имале резервирана маса во објектот. Во еден момент им пришло лицето Н.М., кое седело на друга маса со десетина непознати лица и според М.З. побарало да го напуштат објектот затоа што во моментот имало приватна забава. Откако не излегле веднаш, Н.М. ја превртел масата, а останатите од неговото друштво почнале насилно, со употреба на физичка сила, ги истуркале пред објектот.

Како што пријавил М.З., едно од лицата со службена легитимација се легитимирало дека е полициски службеник и побарал и тој да се идентификува. Во моментот кога го вадел паричникот, одзади од непознато лице бил удрен во пределот на тилот и главата со неколку удари со рака. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

20 февруари 2017 година, Слободен печат
Мехмети: Кога се напаѓа пратеник, се напаѓа еден народ

Кога се напаѓа еден пратеник, се напаѓа цел народ. Во секоја напредна нација, нападот врз еден пратеник ја добива најсилната казна. Собранието, како дом на суверенитетот реагира, а државните органи работат да го осветлат настанот, реагираше поранешната пратеничка од ДУИ, Ермира Мехмети, по физичкиот напад врз пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ.

„Но, во недемократските општества, во кои партијата ја држи целата држава во раце, а Собранието е само орган на извршување наредби на партијата, нападите врз пратениците се премолчуваат, не се казнуваат и не се наоѓаат сторителите на делото. Народот се плаши од казната на партијата, медиумите се плашат од губење на рекламите, а аналитичарите не сакаат да се замешаат во конфликтот, затоа што подобро им е да се со повеќето, отколку да бидат нападнати од партијата. Така се случува на еден пратеник му се крши автомобилот и не реагира никој, друг пратеник е нападнат надвор од локал и никој не се повикува на одговорност… Некој ден некој пратеник може да биде убиен, и повторно никој нема да одговара“ – напиша Мехмети на својот фејсбук-профил.

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири побара МВР веднаш да отвори истрага и да го расветли случајот во кој тој бил физички и вербално нападнат во скопско кафуле.
Според Зекири, лица од обезбедувањето на Сашо Мијалков го нападнале во кафулето „Дион“, каде што бил и Мијалков, барајќи од него да го напушти локалот бидејќи бил „непожелен“.

– Објектот е под видеонадзор и сето ова што го зборувам, полицијата лесно може да го утврди. Случајот го пријавив во полиција. Дополнително скандалозно е што полицаецот пред кој ја давав изјавата, не сакаше во извештајот да го напише името на Сашо Мијалков. Иако станува збор за моја изјава пред полиција, на која имам право како граѓанин – изјави Зекири.

ТВ 21
Зеќири: Бев нападнат – Мијалков: Тоа е лага

„Изјавата што ја дал Мухамед Зекири е целосна лага и клевета. Најостро ги демантирам манипулациите дека некој од моето обезбедување го нападнал. Доколку во најкус можен рок не се извини, против него и против медиумите кои шират вакви дезинформации ќе следуваат тужби“, изјави Сашо Мијалков, ВМРО-ДПМНЕ.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0