Верифицирано

Каменуван штабот на СДСМ во Прилеп

02:00 Feb 24 2017 Прилеп

Каменуван штабот на СДСМ во Прилеп
Опис
Од општинската организација на СДСМ Прилеп информираат дека денеска, во раните утрински часови, бил демолиран локалниот штаб во населбата Варош.

Според информациите од СДСМ Прилеп, кон штабот било фрлано со камења во раните утрински часови, по полноќ, при што искршени биле надворешните стакла на штабот.

„Случајот е пријавен во полиција. Порачуваме дека ваквите провокации не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија, како што избраа граѓаните. Ќе живееме во праведно и правично општество, каде секој што го нарушува мирот на граѓаните ќе мора да одговара“, велат од СДСМ Прилеп.

Непознати лица ноќеска со камења ги искршиле и надворешните стакла на штабот на СДСМ во скопското село Драчево, соопштија од партијата и апелираа полицијата да го расветли случајот: http://www.zlostorstvaodomraza.com/reports/view/375
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Уништување на имот

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0