Неверифицирани

Нападнати пет лица во центарот на Скопје

17:00 Feb 26 2017 н. Центар, Скопје

Опис
Во 17 часот на улицата Македонија во Скопје, додека 24-годишниот Т.У. од Урошевац, Косово се движел по улицата со неговите пријатели, Р.У., Ф.У., А.М. и Р.У., физички биле нападнати од поголема група на млади лица по што истите побегнале во непознат правец.

Полицијата информира дека повредениот се упатил во болница во Скопје каде му била укажана лекарска помош.

Приведени биле лицата С.Н. (19), А.З. (19), Н.М.(19) и двајца малолетници на 15 и 16-годишна возраст, сите од Скопје.

По извршениот разговор, во 19 часот и 30 минути малолетниците се ослободени, додека останатите лица се задржани за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0