Неверифицирани

Повеќемина повредени при прославување победа во Свети Николе

00:05 Oct 16 2017 Свети Николе

Опис
Повеќе лица се повредени во Свети Николе кога полициски службеник од Полициската станица Свети Николе, кој не бил работно ангажиран, и група граѓани го нарушиле јавниот ред и мир при прославата на победата на кадидат за градоначалник на Свети Николе.

- Ноќеска 10 минути по полноќ во Свети Николе дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на О.Ц., полициски службеник во Полициската станица - Свети Николе, кој не бил работно ангажиран и група граѓани кои ја прославувале победата на кандидат за градоначалник на Свети Николе. Повредени се повеќе лица, кои побарале помош во Медицински центар Свети Николе. По настанот, полицискиот службеник сам се пријавил во полициската станица во Свети Николе - соопшти МВР.

За настанот е известено Основното јавно обвинителство Свети Николе и веднаш е вклучен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Линк од вести
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0