Неверифицирани

Насилство во Свети Николе

20:42 Oct 19 2017 Свети Николе

Опис
Полицаец од Свети Николе нападнал и повредил брачен пар во центарот на градот. Сопругот обвинува дека полицаецот без причина му го скршил стаклото од возилото и почнал да го удира со клоци и тупаници, а потоа ја фатил за врат неговата сопруга која седела до него. Настанот се случил околу полноќ, после прославата на победата на СДСМ во Свети Николе, кога брачниот пар застанал на крстосница.
Брачниот пар се членови на СДСМ. Полицаецот портврди дека имал физичка пресметка со брачниот пар. Вели дека бил симпатизер на ВМРО -ДПМНЕ, но негира дека тоа било причина за инцидентот. Тврди дека брачниот пар го провоцирале. Раскажа дека претходно бил нападнат од стотина активисти на СДСМ, кои дошле пред неговата зграда, го повикувале да излезе и му го оштетиле автомобилот. Се обиделе да му влезат во станот и тогаш тој излегол да види што се случува.
Од полицијата го потврдуваат инцидентот. Полицаецот се сомнева дека бил цел на напад, затоа што во време на изборниот молк ги спречил активистите на СДСМ да растураат изборен материјал. Од светиниколската организација на СДСМ ги отфрлија ваквите обвинувања.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN -1