Неверифицирани

Малолетник нападнат во автобус бр.81 на ЈСП

21:00 Nov 3 2017 с. Бразда, Скопје

Опис
Петнаесетгодишно момче во автобус било повредено со метална шипка од неколку лица кои се качиле на постојката во село Бразда скопско.
Како што соопшти МВР возачот на автобусот број 81, пријавил дека во автобусот на автобуска постојка во село Бразда се качиле околу 12 лица и пред да се симнат на следната автобуска постојка, најверојатно со метална шипка, удриле во пределот на ногата на 15 годишен малолетник од село Бразда.
Момчето со приватно возило било пренесено во Градска општа болница каде му се констатирани телесни повреди и е пуштено на домашно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0