Неверифицирани

Навивачи на КК „Шкупи“ истепале полицајци и кошаркари на КК „Пелистер“

13:00 Jan 14 2018 Скопје

Опис
На 13 јануари 2018 година авивачи на кошаркарскиот клуб Шкупи во салата „Шабан Трстена“ во скопската населба Чаир повредиле двајца полицајци, еден кошаркар и технички раководител на клуб, а удирале и други играчи.

Според СВР Скопје, инцидентот почнал во 19.20 часот, по завршување на натпреварот помеѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“. Од трибината каде што била навивачката група на „Шкупи“ била фрлена една петарда на клупата каде што седеле кошаркарите на „Пелистер“. Тие потоа возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите.

Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“ ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку кошаркари на „Пелистер“, при што со повреди се здобиле техничкиот раководител на клубот и еден од играчите, како и двајца униформирани полицајци.

За случајот веднаш бил известен и јавен обвинител, а полицијата работи на расчистување на случајот.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Tепачка кај новата Железничка станица во Скопје

19:30 Apr 12, 2013

Скопје- Железничка станица во Скопје, 0 Kms

Каменуван воз во Скопје

16:20 Apr 13, 2013

Скопје- во близина на железничката станица „Скопје - север“., 0 Kms

Прекин на финалето поради навредливи скандирања

20:00 May 22, 2013

Скопје- Градски Стадион, 0 Kms

Уште еден каменуван воз во Скопје

16:23 Apr 13, 2013

Скопје- Железничка станица Скопје Север, 0 Kms