Неверифицирани

Запален автомобилот на пратеничката Шуманска-Митева во Виница

01:30 Mar 15 2018 Велес

Опис
Автомобилот на пратеничката на СДСМ Славица Шуманска Митева бил запален во Виница ноќта на 14 наспроти 15 март 2018 година.

http://moi.gov.mk/dneven-bilten/1065

Според дневниот билтен на МВР, на 15.03.2018 година околу 01,30 часот во Виница на улица „Славчо Стојменски“ непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на патничко моторно возило „Сеат леон“ со винички регистарски ознаки, сопственост на С.Ш.М., ја полеале внатрешноста на возилото со запаллива течност и ја запалиле. Во билтенот се истакнува дека бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

http://fokus.mk/ertslavitsa-shumanska-miteva-kukavichki-chin-e-srede-nok-da-mi-go-zapalat-avtomobilot-no-ne-im-se-plasham/


Во врска со овој инцидент, медиумите пренесоа дека пратеничката на СДСМ, Шуманска-Митева изјавила дека зад него стојат вандали охрабрени од однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, кои се обидуваа да го спречат гласањето по Законот за употреба на јазиците. Таа истакнала оти можело да дојде до поголема несреќа, затоа што автомобилот бил паркиран веднаш до куќата, но за среќа таа и нејзиниот сопруг биле будни и успеале да реагираат навреме. Таа изминатиов период добивала закани по пораки, но вели дека не очекувала вакво нешто. Пратеничката го осудила овој акт како кукавички чин и чист вандализам. Воедно, таа изјавила дека Виница е мало место и дека може да се претпостави кој се осмелил на вакво нешто, односно дека тоа сигурно е сценарио на ВМРО-ДПМНЕ.
Линк од вести
http://moi.gov.mk/dneven-bilten/1065
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Уништување на имот
Локација: Улица

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0