Верифицирано

Албанците се одмаздуваат, претепале двајца Македонци во Куманово

23:00 Jul 15 2013 Куманово

Опис
Кршењето на слаткарницата "Фонтана" во сопственост на етнички Албанец во комплексот Гарнизон во Куманово, кој се случи во неделата вечер, како што известува Lajm од свои извори од групата на навивачи „Ултрас Илири“од Куманово, е дело на групата на навивачи "Кумани", кој потоа претепале и двајца етнички Албанци. Истите извори, за весникот изјавиле дека неколку навивачи од нивната група успеале да им се реваншираат на Македонската навивачка група при што подоцна истепале двајца етнички Македонци.
„Неколку навивачи на „Куманите“ излегле и напишале графити кај комплексот Гарнизон и истепале двајца етнички Албанци. Ние излеговме и ги избришавме графитите каде имаа напишано: „Верни на Куманово“ и имаа нацртано крст каде пишуваше „Кумани владеат со Куманово“. Како резултат на ова, подоцна околу 23:00ч неколку Албански навивачи истепале 2 етнички Македонци. Покрај ова, на истите, тие им одзеле и една маица со амблемот на „Кумани“, известија извори од навивачката групата „Ултрас Илири“ од Куманово“.
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0