Верифицирано

Нападнат Мулти-култи центарот во Куманово

13:02 Sep 6 2013 Куманово

Нападнат Мулти-култи центарот во Куманово Нападнат Мулти-култи центарот во Куманово Нападнат Мулти-култи центарот во Куманово
Опис
Просторијата на младинскиот центар МултиКулти во петок (06.09.2013) беше цел на напад од непознат сторител кој целосно се погрижил да ги избрише пораките кои овој центар треба да ги шири во Куманово. Според текстот напишан на ѕидот се работи за припадници на навивачка група која е официјална навивачка група на општината.

1. Навивачката група се позасилено дејствува низ градот а до сега нивните акции на вандалство не се осудени од локалните власти кои се поддржувачи на клубовите за кои оваа група навива. Се надеваме дека властите ќе се оградат од дејствувањето на навивачката група и посебно од зачестеното уништување на приватен имот кој оваа група го прави. Како дополнителен поттик е и недостатокот на превентивни и репресивни мерки кои би осигурале дека навивачките групи нема да прераснат во неконтролирани хулигани.

2. Групата официјално служи за локал-патриотски побуди кај македонското население во Куманово и честопати е во насилен конфликт со немакедонците. Преку ваквото дејствување групата потврди дека идеите што ги промовира МултиКулти во Куманово за нив се неприфатливи односно идејата заедно во различноста не може да биде мото на општината Куманово. Со ова се зададе сериозен удар на меѓуетничкиот соживот во Куманово и на напорите кои се развиваат секојдневно од се помалку поединци за да се спаси идејата за живеење заедно.

3. Јасно е дека младите во Куманово се под сериозно влијание на тешката социјална и економска положба и својот револт сакаат да го изразат на некој начин со цел да се даде на знаење на центрите со моќ дека итно е потребна акција. За жал оваа состојба е честопати ги става младите во позиција лесно да бидат изманипулирани и привлечени од радикални идеологии кои штетат во процесите на создавање на подобра заедничка иднина за сите.
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0